Претседателот Пендаровски за изјавата на премиерот Заев: Непpимepна е

 Breaking News

Претседателот Пендаровски за изјавата на премиерот Заев: Непpимepна е

Претседателот Пендаровски за изјавата на премиерот Заев: Непpимepна е
August 16
08:17 2019

Непpимерна, со речник што може да навpeди цели категории наши граѓани, вака претседателот Стево Пендаровски ја оцени изјавата на премиерот Зоран Заев кој што кажа дека нема да дозволи некои да го симнат од власт во друг стил.

Станува збор за непримepна изјава која користи речник кој може да навpeди цели категории наши граѓани и во таа смисла мислам дека е добро што премиерот уште истиот ден се извини на оние кои се почувствувале евентуално навpeдени од тие некои зборови, вели Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

И мене, додава, ми се случило да ми се испушти некоја изјава и ме критикувале за таа реченица, фраза или изјава. Меѓутоа, тоа така треба да биде.

Така се станува сериозна демократија и никој од нас не треба да е нepвозен или лут што јавноста така перцепира. Јас тргнувам и од себе – просто немам право на грешка, нагласува шефот на државата. Истакнува и дека граѓаните, како и политичарите се под голем притисок поради брзото случување на настаните, но дека одговорноста на политичарите е поголема.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles