Пресврт за Македонија: Останатите членки на ЕУ не знаеле за францускиот предлог

 Breaking News

Пресврт за Македонија: Останатите членки на ЕУ не знаеле за францускиот предлог

Пресврт за Македонија: Останатите членки на ЕУ не знаеле за францускиот предлог
July 08
21:52 2022

Чешка е многу вонземирена од Франција и Бугарија, зашто за францускиот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ не биле консултирани другите земји-членки, Франција се консултирала само со Бугарија,

а другите земји не знаеле сèдодека предлогот не им бил претставен, рече Јана Јузова,

истражувач во чешкиот институт Еуропеум, на денешниот форум на скопскиот Институт за европска политика.

Чешка и поголемиот дел земји-членки на ЕУ ги сфаќаат сериозните проблеми што постојат со овој проблем и зошто тој е неприфатлив и зошто, всушност, е многу штетен за да го прифати Македонија.

Никој не ја следи состојбата во Македонија со спокојство.

Загрижена сум каква ситуација ние како ЕУ креираме со овој предлог.

Чешкиот став кон ова би бил да направи што помала можна штета за да ги надмине негативните ефекти, и да осигура дека ова нема да стане преседан – рече Јузова, повикувајќи се на разговори со Министерството за надворешни работи на Чешка. ИзворПрес24.

Related Articles