Премиерот Спасовски: Полициски час од 21 часот вечерта до 06 часот утрото

 Breaking News

Премиерот Спасовски: Полициски час од 21 часот вечерта до 06 часот утрото

Премиерот Спасовски: Полициски час од 21 часот вечерта до 06 часот утрото
March 21
19:57 2020

Вонредно обраќање на претседателот на Владата Оливер Спасовски имаше вечерва, каде што најави дека Владата донесе одлука за воведување полициски час од утре вечер. Ова на својот ФБ профил пред кусо време го објави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука за воведување најрадикални мерки , со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните, вели Спасовски.

Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забpaнува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!

Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, порача Спасовски.

Related Articles