Премиерот Ковачевски со порака до Бранко Црвенковски: Почесто да те гледаме и слушаме во јавноста

 Breaking News

Премиерот Ковачевски со порака до Бранко Црвенковски: Почесто да те гледаме и слушаме во јавноста

Премиерот Ковачевски со порака до Бранко Црвенковски: Почесто да те гледаме и слушаме во јавноста
June 10
22:14 2022

Ги ценам изјавите и интервјуата на Бранко Црвенковски, тој има големо искуство како поранешен премиер и претседател, би сакал почесто да го гледаме и слушаме во јавноста, рече актуелниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Ал Џезеира, пишува Фокус.

Ние сме членови на иста партија, кога тој бил претседател јас сум бил обичен член и сум учел политика од него, сега јас сум претседател на СДСМ и премиер и за многу работи со него имаме исто мислење, а за многу работи не се согласуваме.

Договорот со Бугарија е основа за решавање на проблемите со Бугарија, историските комисии не се нешто ново, имаме таква со Грција но таму нема проблем затоа што историчарите не тераат политика туку тераат историска дебата.

Ако историската комисија од бугарска страна не ја политизира својата работа туку си работи според она што е фактичка состојба за минатото нема да има големи проблеми, мораме со Бугарија да наоѓаме решенија кои не задираат во националните интереси на двете земји и двата народа – рече Ковачевски. ИзворФокус.

Related Articles