Премиерот Заев тргнува по стапките на Груевски, минатата недела најави нов план за наредните шест години

 Breaking News

Премиерот Заев тргнува по стапките на Груевски, минатата недела најави нов план за наредните шест години

Премиерот Заев тргнува по стапките на Груевски, минатата недела најави нов план за наредните шест години
May 31
19:34 2021

Премиерот Зоран Заев минатата недела најави инвестициски план од над 8 милјарди евра во наредните 6 години.

Планот на премиерот е да се инвестира практично во секој сектор, анализира Прес24.


Давање на зимскиот центар Попова Шапка под концесија од 99 години на позната европска компанија, изградба на дистрибутивен центар на Лидл во Скопје и отворање повеќе маркети на овој познат малопродажен синџир.

30 нови инвестиции во економските зони, изградба на нови фабрики, патишта, гасни централи, фотоволтаици се дел од проектите кои во наредните години треба да ја преобразат македонската економија, да отворат нови работни места и да го зголемат домашниот бруто производ.

За таа цел до 2027 година ќе се инвестираат над 8 милијарди евра, најави денес на прес конференција премиерот Зоран Заев на која го претстави Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 година.

Повеќе од половината, или над 4,2 милијарди евра се странски инвестиции или грантови од Европската унија преку инвестицискиот план за развој на Западниот Балкан, додека околу 3,8 милијарди евра ќе бидат домашни, државни средства.


За македонските граѓани ова е веќе виден филм. ИзворПрес24.

Related Articles