Премиерот Заев: Не размислувам за оставка и предвремени избори

 Breaking News

Премиерот Заев: Не размислувам за оставка и предвремени избори

Премиерот Заев: Не размислувам за оставка и предвремени избори
August 13
23:21 2019

Премиерот Зоран Заев во коментар на барањето на опозицијата за оставка и предвремени парламентарни избори по објавата на случајот Pekeт изјави деканема намера да размислува за такво нешто.

Апсолутно Владата, која го има на чело човекот кој го пријави овој случај, сето тоа го ставам во вода, го ставам на страна, немам намера да размислувам за ниту за оставки, ниту за предвремени избори, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања за случајот Pekeт, вечерва на приемот во Клубот на пратеници по повод 18-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Изборите, дополни, се редовни. Реков дека тие не мора да бидат во декември затоа што тогаш беа преусилени и мораше да се случат во декември. Може да бидат во октомври, ако тоа за некој значи успех за предвремени избори.

Но, по големите политички одлуки, по сите реформи кои заедно ги донесовме, по нашето очекување за полноправно членство во НАТО, да почнеме преговори со ЕУ, време во кое економските параметри се одлични и продолжуваат да бидат одлични, треба да и дадеме шанса на државата, да истурка максимум од овој неповторлив, драгоцен период, заради тоа што економски бенефит треба да видат граѓаните, рече премиерот Заев.

Тој повтори дека мора да се даде шанса да расте економскиот стандард и тоа да не се уништи, како што рече, преку нечија желба да се оди на предвремени избори.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, прашан какви се односите во владината коалиција рече дека партнерството меѓу ДУИ и СДСМ функционира без проблеми.

Секако дека имаме и разлики. Секако дека има и предрасуди од некој член на нашата организација, но тоа не значи дека го загрозува партнерството и дека ќе се создаде некое незадоволство се до непочитување на партнерството.

Нема никакви проблеми кои би не загрозувале нас, коалициските партнери, рече Ахмети.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles