Предновогодишно започнува МојДДВ Моја нагpaда, ќе има 10 нагpaди дневно, 4 по 1000 денари, 3 по 2000 и 3 по 3000 денари

 Breaking News

Предновогодишно започнува МојДДВ Моја нагpaда, ќе има 10 нагpaди дневно, 4 по 1000 денари, 3 по 2000 и 3 по 3000 денари

Предновогодишно започнува МојДДВ Моја нагpaда, ќе има 10 нагpaди дневно, 4 по 1000 денари, 3 по 2000 и 3 по 3000 денари
December 07
20:04 2019

Со новата апликација МојДДВ #Моја награда која започнува од 15 декември, граѓаните освен што ќе можат да го остваруваат правото на поврат на 15 проценти од ДДВ, ќе можат да добијат и десет парични награди на дневно ниво.

Сите граѓани кои скенираат фискални сметки ќе имаат еднакво право и можности да добијат награди.

Ова денеска го изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод саемот „Купи куќа, купи стан”.

Сите граѓани кои скенираат фискални сметки ќе имаат еднакво право и еднакви можности да добијат парични награди.

Ќе се доделуваат 10 парични награди на дневно ниво, четири награди од по илјада денари, три награди од по 2 илјади денари, три награди од по 3 илјади денари, на месечно ниво ќе има 12 извлекувања за 15 награди по сто илјади денари, и ќе има две главни награди од по 3 милиони денари, рече Ангеловска.

Како што информира министерката, првото извлекување за главната награда ќе биде во март, а второто на крајот на наградната игра во декември 2020 година.

Со новата апликација граѓаните ќе може и да видат колкав е повратот што го имаат секој момент остварено, колку број на сметки скенирале, и секоја фискална сметка ќе биде потенцијално добитна бидејќи слоганот на кампањата е „Секоја сметка е важна”, рече Ангеловска.

Министерката додаде дека наградната игра е надоградување на проектот МојДДВ што е веќе успешен, и појасни дека главната цел на проектот е борба со сивата економија, да се стават граѓаните во улога на контролори, да бараат фискални смети и да пријавуваат кога има нерегуларност.

Дополнително, таа појасни дека граѓаните преку проектот МојДДВ веќе пријавуваат кога има нерегуларности, а со апдејтираната верзија на мобилната апликација, ќе имаат и посебно копче каде ќе можат уште полесно да пријават неегуларности за да потоа УЈП може да постапи.

Ангеловска истакна дека од Управата за јавни приходи е посочено сите граѓани да си ги проверат своите трансакциски сметки во мобилната апликација, а ако немаат трансакцјска сметка или е згрешена да ја апдејтираат за да може да им се изврши исплата на соодветна трансакциска сметка. Таа додаде дека има околу 5 илјади граѓани кои треба да си ги проверат и обноват трансакциски сметки. /МИА

Related Articles