Пратеник од власта си поднесува оставка во Собранието, еве ја причината

 Breaking News

Пратеник од власта си поднесува оставка во Собранието, еве ја причината

Пратеник од власта си поднесува оставка во Собранието, еве ја причината
June 30
23:09 2021

Како што јавува прес24, пратеникот Мирослав Богдановски од ДОМ се повлекува од Собранието, според партиски извори поради незадоволството од начинот на кој владеачката коалиција ја практикува власта.

Од ДОМ денеска велат дека пратеникот не ја информирал партијата и не знаат зошто се повлекува.

Богдановски минатиот месец беше разрешен од потпретседателската функцијата на ДОМ по што продолжи да делува во рамки на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Предходно покрај Богдановски ДОМ ја разреши и потреседателката Ана Петровска која е директорка на Државниот инспекторат за заштита на животната средина откако тие покренаа иницијатива за вонреден конгрес со образложение дека

на партијата ѝ се потребни промени во начинот на организирање и функционирање, како и воведување групно претседавање преку ко-претседатели.

Мирослав Богдановски од ДОМ беше вториот пратеник кој на клучната собраниска седница во април за усвојување на економските мерки од петтиот владин пакет се појави во скафандер што наиде на остри реакции од опозицијата во парламентот. 

Следна на листата е Анета Симевска од СДСМ но таа стана Директорка на пазарниот инспекторат па се очекува пратеник да стане Даниела Николова од СДСМ од скопски Аеродром која беше 13 та на листата.

До комплетирањето на процедурите мнозинството ќе има еден пратнеик помалку што може да биде проблем имајќи го предвид тенкото мнозинство во Собранието.

Позитивно за власта е што ваквите процедури се завршуваат за еден до два дена. ИзворПрес24.

Related Articles