Почнуваат разговори за нова Влада, во рок од 10 дена Пендаровски треба да го даде мандатот

 Breaking News

Почнуваат разговори за нова Влада, во рок од 10 дена Пендаровски треба да го даде мандатот

Почнуваат разговори за нова Влада, во рок од 10 дена Пендаровски треба да го даде мандатот
August 04
06:20 2020

Oд денеска почнуваат и разговорите за формирање на новата влада, по одржувањето на конститутивната седница на Собранието, Пapтиите кои по изборите неофицијално ги почнаа разговорите, се очекува од денеска да ги интензивираат напорите околу обезбедување мнозинство во новиот парламентарен состав и формирање нова влада.

По 20 парламентарни состави во самостојна Македонија, денеска во Собранието треба да се конституира 10-тиот.

Конститутивната седница како пртеседавач ќе ја води досегашниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој вчера објави дека е пуштен од Инфек тивната клиника и се чувствува добро.

Поради високите здрав ствено-безб едносни мерки, седницата ќе се одржи во големата сала под куполата, зашто во неа може да се овозможи пропишаната дистанца од пратеник до пратеник, поради опасноста од зараза со коронавирус.

По конституирањето на Собранието, Уставот предвидува шефот на државата Стево Пендаровски во рок од 10 дена да го додели мандатот за формирање влада.

Ставот кој веќе го кажа неговиот кабинет е дека тој нема веднаш да го даде мандатот на тој што освоил најголем број пратеници, во случајов Зоран Заев и СДСМ, туку првин ќе се консултира со пapтиите.

Оној кој ќе обезбеди парламентарно мнозинство за формирање нова влада, нему претседателот ќе му го даде мандатот, велат од Kабинетот.

Мандатарот има рок од 20 дена да формира влада и ако не успее во тоа, тогаш мандатот го добива пapтиjaта која е втора по ред по бројот на мандати на изборите, што во случајов е ВМРО-ДПМНЕ.

Заев најави дека од денеска почнува со интензивните преговори за формирање парламентарно мнозинство и влада, наспроти тврдењето во некои политички кругови дека таа работа е веќе е готова, т.е. договорено со ДУИ, пapтијата со најголем број освоени пратеници меѓу Албанците.

Истото го најави и Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ чека поволната понуда, условувањето од лидерот Али Ахмети за премиер Албанец, полека губи од цврстината.

Related Articles