Поскапи цените на патарините и во соседството, подгответе се ако патувате кај овој сосед

 Breaking News

Поскапи цените на патарините и во соседството, подгответе се ако патувате кај овој сосед

Поскапи цените на патарините и во соседството, подгответе се ако патувате кај овој сосед
June 05
16:10 2019

Директорот на патиштата на Србија, Зоран Дробњак, изјави дека Владата го прифатила барањето за зголемување на цената на патарина за 12 отсто и дека новите цени ќе стапат на сила на 1-ви јули.

Медиумите од регионот пренесуваат дека новиот ценовник ќе биде направен кога пратениците ќе го усвојат предлогот на Владата и дека „Патишта на Србија“ овие дополнителни две милијарди динари ќе ги вложи за одржување на патиштата.

Ние ќе ги направиме деловите од патиштата што се лоши, имаме план, не само за две милијарди, туку за 20 милијарди, рече Дробњак за српски медиум.

Дробњак зборувајќи за квалитетот на патиштата, рече дека на скала од еден до десет за српските патишта ќе даде оценка 6,5 или 7.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles