Познато колку граѓани од Бугарија ќе дојдат за роденденот на Гоце Делчев, нема да се илјадници туку само граѓани кои го почитуваат македонскиот народ, јавува Стојанов

 Breaking News

January 31
20:24 2023

Некаде околу 150 граѓани од Република Бугарија в сабота ќе дојдат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, најави претседателот на здружението „Фондација Македонија“, Виктор Стојанов во изјава за „А1он“. – Јас исто така ќе бидам на граничниот премин Деве Баир иако немам право да влезам во Македонија. Јас и луѓето кои ќе пристигнат во Македонија, го признаваме македонскиот народ и сакаме заеднички чествувања за Гоце Делчев, затоа што тој е наш заеднички херој. Без навреди и тензии – рече Виктор Стојанов за „А1он“. Тој вели дека нема потреба да доаѓаат илјадници луѓе, како и фудбалски навивачки групи, туку само обични граѓани кои го почитуваат македонскиот народ. ИзворПрес24.

Related Articles