Подгответе се, вечерва и утре температури и до -12 степени, има и снежна покривка

 Breaking News

Подгответе се, вечерва и утре температури и до -12 степени, има и снежна покривка

Подгответе се, вечерва и утре температури и до -12 степени, има и снежна покривка
January 13
16:09 2022

Како што јавуваат од УХМР, снежна покривка до 7 часот изутрина (во см): 70 Попова Шапка, 17 Маврови Анови, 14 Ѓуриште, 13 Крушево, 9 Пожаране, 6 Демир Капија, 2 Битола, Прилеп.

Сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.


Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и студено со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. T= 1 °C, P= 1000 hPa, U= 38 %, V= 8 m/s.


(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

Прогноза за 14.01.2022 – Утрото ќе биде многу студено, преку денот претежно сончево, на североистокот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утрата ќе бидат многу студени, насекаде со минимални температури под нулата, особено утре кога на места ќе се спуштаат под -10 степени.

Related Articles