Повторно троцифрена бројка, 129 нови случаи на коронавирусот, ова се градовите

Троцифрена бројка на нови случаи не стивнува, како што јавуваат од Министерството за Здравство денеска, Во последните 24 часа се направени 1535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на коронавирусот и тоа по градови изгледа вака:
Скопје 45 -Куманово 7 -Дебар 1 -Штип 25 -Прилеп 4 -Тетово 9 -Струга 5.
Битола 6 -Охрид 3 -Кавадарци 1 -Гостивар 9 -Кочани 3 -Демир Хисар 1.
Делчево 1 -Свети Николе 3 -Кичево 6.
Поч инати се 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од:
Скопје 60 -Куманово 7 -Штип 16 Прилеп 1 -Тетово 12.
Велес 4 -Кавадарци 2 -Гостивар 6 -Виница 1.
Досега во земјата се направени вкупно 92550 тестирања на коронавирусот. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9797, бројката на оздравени пациенти е 5254, на поч инати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4092.