Побарајте сторнирање ако келнерот ви ја скенира сметката, за ајфоните се чека ЕПЛ да ја одобрат апликацијата

 Breaking News

Побарајте сторнирање ако келнерот ви ја скенира сметката, за ајфоните се чека ЕПЛ да ја одобрат апликацијата

Побарајте сторнирање ако келнерот ви ја скенира сметката, за ајфоните се чека ЕПЛ да ја одобрат апликацијата
July 02
05:24 2019

Управата за јавни приходи предвидела дел од манипулациите кои можат да се случат со спроведување на проектот „Мој ДДВ“, каде граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ-то така што ќе ги скенираат сметките со своите паметни телефони.

УЈП при креирање на самиот проект обрна посебно внимание да нема манипулации. Не можеме да гарантираме доколку фискалната сметка граѓаните ја предадат или ја остават и не го искористат своето право.

Имаше прашања што доколку при издавање на фискалните сметки келнерот претходно ја скенира, начинот на разрешување е исто како да добиете невалидна сметка со повеќе искуцани артикли. Значи треба да се скенира сметката. Доколку видите дека вашата сметка е искористена, треба да побарате сторнирање на сметката и издавање на нова – изјави Ивана Дончевска од УЈП за ТВ21.

Во УЈП има поставено бар код скенери кои што можат да прочитаат сметка која е оштетена, а која одреден телефон не може да ја прочита. Апликацијата се уште не може да се симне на ајфоните затоа што УЈП бара одобрение од „Епл“.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles