Платите ќе растат до 100.000 денари во здравството, најави министерот Филипче од Струмица

 Breaking News

Платите ќе растат до 100.000 денари во здравството, најави министерот Филипче од Струмица

Платите ќе растат до 100.000 денари во здравството, најави министерот Филипче од Струмица
November 06
09:10 2019

На граѓанската трибина во Струмица, членот на ЦО на СДСМ Венко Филипче се осврна на мерките што се спроведуваа спроведуваат за развој на здравствената заштита. Особена чест ми е што се привршува крилото на новата струмичка болница.

На почетокот на наредната година сите жители од овој регион ќе имаат на рапсолагање најсовремена болница. Струмичката болница ќе добие најсовремен апарат за магнетна резонанца. Нема повеќе патување до Штип или Скопје туку сите здравствени услуги ќе ги добиваат тука во болницата во Струмица, порача Филипче.

Во своето обраќање, Филипче најави дека платите во здравството ќе продолжат да растат со цел лекарите да останат во јавното здравство и да пружаат квалитетни здравствени услуги. Никогаш досега капитационите бодови не биле зголемени меѓу 15 и 20 отсто ние тоа го сторивме.

Во изминатите две години за првпат ги исплативме приватните специјализанти. Во три наврати ги зголемивме платите во здравствениот сектор. Со зголемување на дежурствата уште сега има лекари специјалисти кои добиваат месечен надоместок од 100.000 а догодина сите специјалисти не само во Клиничките центри ќе имаат плата од 100.000 денари, истакна Филипче. Извор Pres24.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles