Питер Ван Хојте ја брани Катица Јанева, а за Груевски вели дека треба да му се одземе азилот

 Breaking News

Питер Ван Хојте ја брани Катица Јанева, а за Груевски вели дека треба да му се одземе азилот

Питер Ван Хојте ја брани Катица Јанева, а за Груевски вели дека треба да му се одземе азилот
July 18
06:37 2019

Питер Ван Хојте, белгиски екпсерт кој беше ангажиран од ЕУ во процесот на преговори и склучување на договорите од Пржино реагира за случувањата поврзани со Специјалното јавно обивинителство.

Тој беше дел од процесот на договарање на СЈО и избор на Катица Јанева.

Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова одеднаш доаѓа на површина? Кој стои зад ова?

Дали Катица Јанева допре до одредени луѓе кои се веруваа дека се недопирливи и над законот?

Како одговор на прашањето “кој има интерес за тоа да се случи”, можев да дадам долга листа со имиња, но тоа нема да и помогне на земјата напред.

Сепак, едно е јасно: Политичарите целосно ја збркаа работата.

Наместо да се гарантира непристрасна и независна правда, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби и ја заборавија важноста на правилното спроведување на основните демократски принципи, како што се поделбата на власта и потребата за независно судство“, пишува Вај Хојте.

Тој вели дека истрагите кои поризлегуваат од прислушуваните разговори треба да продолжат.

„Тоа е товарот од минатото, но никој никогаш не треба да заборави што се случило и да се осигура дека оние што биле вклучени во него, вклучувајќи го и г-дин Груевски, се правилно гонети и осудени.

И ЕУ и г-дин Орбан треба да бидат свесни дека не може да му се даде право на азил, а во исто време да побара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото.

Значи, да го исправиме и ова!“, порачува Ван Хојте.

Related Articles