Пензиите од петок ќе се подигаат на банкомати, а тој што нема картица ќе мора да чека ред, проверете која група сте

 Breaking News

Пензиите од петок ќе се подигаат на банкомати, а тој што нема картица ќе мора да чека ред, проверете која група сте

Пензиите од петок ќе се подигаат на банкомати, а тој што нема картица ќе мора да чека ред, проверете која група сте
April 20
09:16 2020

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за април 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2020 година.

Како заклучок во врска со исплатата на априлските пензии, Владата заклучи да им препорача на деловните банки од петок 24.04.2020 година да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Како дополнителен заклучок им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Министерството за финансии, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика да подготват и до Владата да достават соодветен протокол за вршење на исплатата на пензиите.

На оваа седница Владата ја разгледа информацијата и ја усвои Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за условите и критериумите за репласирање на средствата од компензационите фондови со која се утврдуваат условите за директно кредитирање на деловни субјекти погодени од корона вирусот за репласирање на средствата од компензационите фондови, во насока на обезбедување средства во износ од 492.000.000 денари за директно кредитирање на микро, мали и средни компании чија економска дејност е погодена од корона вирусот, преку Развојната банка на Северна Македонија.

Во врска со оваа одлука, Владата ја задолжи Развојната банка на Северна Македонија да објави Јавен повик на кој ќе можат да аплицираат микро, мали и средни компании чија економска дејност е погодена од корона вирусот, во согласност со условите предвидени во Одлуката, и да ги испита можностите за уредување на доставата на документите од Централен Регистар и Управата за јавни приходи за кредитобарателите, во насока на олеснување и/или координација и заедничка комуникација и насочување на кредитобарателите.

На денешната седница Владата ја донесе Уредбата со законска сила за фомирање на фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот. Со оваа уредба со законска сила се уредува формирањето, финансирањето, како и намената на средствата на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот. Средствата собрани во Фондот, ќе се користат за финансиска поддршка на економските мерки за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија во надминување на економската криза предизвикана од Коронавирусот.

Ова се само дел од мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија кои се донесоа на својата 44 седница.

Related Articles