Пендаровски потврди, полкот за специјални операции повеќе нема да постои, јавува Алфа

 Breaking News

Пендаровски потврди, полкот за специјални операции повеќе нема да постои, јавува Алфа

Пендаровски потврди, полкот за специјални операции повеќе нема да постои, јавува Алфа
October 08
12:51 2019

Полкот за специјални операции повеќе нема да постои, односно ќе се трансоформира во Баталјон за специјални сили, изјави за телевизија Алфа, претседателот Стево Пендаровски, откако професорот Александар Нацев викендов ја крена на нозе јавноста, обвинувајќи дека Пендаровски и Шекеринска имале своја агенда за расформирање на најелитниот состав во нашата Армија.

-Полкот за специјални операции не се расформира, туку се трансформира во Баталјон на специјални сили, кој ќе биде потчинет на Оперативната команда, а не како досега на Генералштабот, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Нацев предупреди дека планот на Пендаровски и министерката за дбрана Шеќеринска бил дел од договор меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ, со цел во батаљонот за специјалните намени „Волци“ да се примаат само кадри што ќе бидат одобрени од ДУИ.

Од кабинетот, не го демантираат ова. Велат ќе била обезбедена соодветна правична застапеност на сите заедници во државата. Целиот текст тука.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles