Паднале потписи: Арсовска договорила соработка со Дудуш

Како што пренесува Прес24, Градоначалничката на Скопје, Данела Аросовска и градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш потпишаа договор за меѓуопштинска соработка,
cо кој што Град Скопје целосно ја финансира изградбата улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18 како и партерното уредување на спортската сала со цел унапредување на можностите и воведување нови содржини во општината,
соопшти денеска прес-службата на Град Скопје. Проектите по налог на Град Скопје ќе ги изведе јавното претпријатие Улици и патишта Скопје.
Во општина Шуто Оризари граѓаните се соочуваат со многубројни предизвици,
а на барање на жителите еден од приоритетите е првпат изградбата на улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18.
Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат над 1170 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот,

а партерното уредување на спортската сала е едно од барањата истакнати од страна на општина Шуто Оризари, се вели во соопштението.
Главна цел на тековните градежни активности, се потенцира во соопштението, е во Скопје повеќе да нема заборавени населби,
туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел. ИзворПрес24.