Очекувајте врнежи и пад на температурите, Македонија е под влијание на циклон

 Breaking News

Очекувајте врнежи и пад на температурите, Македонија е под влијание на циклон

Очекувајте врнежи и пад на температурите, Македонија е под влијание на циклон
November 04
07:10 2019

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално над 20л/м2). Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Во вторник и среда ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневната температура. Од четврток повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles