Официјално: 125 нови случаи за 24 часа, ова е листата на градови

 Breaking News

Официјално: 125 нови случаи за 24 часа, ова е листата на градови

Официјално: 125 нови случаи за 24 часа, ова е листата на градови
June 06
13:54 2020

Како што информираат од Министерство за Здравство: Во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на коронавирусот. Листата по градови е следна:

Скопје 46 – Kуманово 19 – Штип 17 – Прилеп 1 – Тетово 16 – Струга 7 – Велес 3.

Битола 1 – Охрид 5 – Гостивар 6 – Кочани 1 – Делчево 1 – Неготино 2.

Поч инаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти. – Прилеп 2 – Тетово 1 – Велес 4 – Свети Николе 1.

Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на коронавирусот. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на почи нати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.

Related Articles