Откриена спомен кулата во Слупчане, веднаш се огласи Ахмети: Споменикот не обединува

 Breaking News

Откриена спомен кулата во Слупчане, веднаш се огласи Ахмети: Споменикот не обединува

Откриена спомен кулата во Слупчане, веднаш се огласи Ахмети: Споменикот не обединува
May 02
15:48 2022

Не може да има историја оваа земја без ОНА, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор како резултат на оваа армија, иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој не направи членка на НАТО.

Ова го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на отворањето на Спомен кулата во чест на бор ците на ОНА во Слупчане.

Спомен-кулата во Слупчане чини 200 милиони евра општински пари.

Висока е 20 метри. Изградбата на спомен-кулата предизвика повеќе дилеми поврзани со нејзината законитост.

Градоначалникот на општината тврди дека има дозвола за градба, но Министерството за транспорт и врски негираше дека била побарана дозвола од нив.

Министерството за култура се огради наведувајќи дека надлежноста според Законот за меморијални споменици и спомен обележја,е на Собранието или на единиците за локална самоуправа.

Втори мај е датумот на кој во 2001 година ОНА го прогласи Липково за слободна територија.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во текот на својот говор порача дека ОНА е составен дел од историјата на нашата земја, без која не би можел да се постигне Охридскиот мировен договор.

Овој споменик не нѐ дели, овој споменик нѐ обединува.

Како што соопштија локалните власти, изградбата на спомен-кулата чинела 200.000 евра.

Related Articles