Отец Пимен: Немате слушнато дека може да се причестуваме без пост и кога ќе спласне пикот на короната

 Breaking News

Отец Пимен: Немате слушнато дека може да се причестуваме без пост и кога ќе спласне пикот на короната

Отец Пимен: Немате слушнато дека може да се причестуваме без пост и кога ќе спласне пикот на короната
April 16
17:51 2020

Зарем не ви кажале вашите духовни оци дека постот не сте го држеле само за да се причестите на Велигден, туку од послушание? Немате слушнато дека може да се причестуваме без пост и кога ќе спласне пикот на короната? – Ова е само дел од колумната на Отец Пимен за порталот мкд.мк, во продолжение продолжува Отец Пимен:

И уште нешто што слушам дека се шушка меѓу верниот народ.

Нека нѐ ве води мисла дека ова е прогон на Црквата. И не бојте се. Времена мерка на претпазливост е ова. Не дај Боже, ако стане трајна, па да се користат искуствата на раната Црква од првите три века. И, затоа повторувам… Далеку сме од тие времиња, пишува во колумната за мкд.мк Отец Пимен, продолжува:

Но и да сме блиску. Што можеме повеќе да направиме од она што како христијани треба да го правиме секој ден?

Што на пример ако знаеме и дека ги живееме последните времиња? Нели ние христијаните секој ден го живееме како последен? Што ако знаејќи дека за месец дена ќе дојде крајот на светот, натрупаме залихи на храна? Ќе живееме неколку месеци повеќе од оние што не верувале дека, ете, доаѓа крајот?

Ја заборавивме ли параболата за неразумниот богаташ од Евангелието?

Нели Бог со овие зборови го опомена:

„Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане? (Лк.12,20)

Што ако знаеме дека другиден ќе дојде крајот, ако утре го предадеме последното издивнување на Бога?

Оставете го стравот, оставете го гневот.

Не се влегува во Воскресението ниту со едното, ниту со другото, туку со чисто срце и просветлен ум.

Оставете ја и демонстрацијата на сила и повици за непослушност. Не заборавајте што Му рече Христос на Петар кога овој го извади ножот да го одбрани во Елеонската гора:

„Мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец, да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели?”(Мат. 26,53)

Верувајте во Воскресението на Христа, а не во местото на воскресението.

Ќе повторам

Христос ќе воскресне секаде, за сите и за сѐ.

Отец Пимен,

митрополит европски – Целата колумна на Отец Пимен можете да ја прочитате на порталот мкд.мк.

Related Articles