Останувам во Вардар, ситуацијата е подобра, клубот ќе биде спасен, вели Тимур Дибиров

 Breaking News

Останувам во Вардар, ситуацијата е подобра, клубот ќе биде спасен, вели Тимур Дибиров

Останувам во Вардар, ситуацијата е подобра, клубот ќе биде спасен, вели Тимур Дибиров
June 04
21:03 2019

Рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров, по се излгеда ќе остане во Вардар во следната сезона, објави Спорт1. Вардар викендов стигна до втората европска круна откако во финалето го совлада унгарски Веспрем (27-24).

Крилниот играч, за руските медиуми потврдил дека ќе остане во Скопје.

„Следната сезона ќе ја поминам во Вардар. Клубот ќе биде спасен, а ситуацијата е многу подобра“, рече Дибиров.

Ракометарите на Вардар вчера беа дочекани од илјадници навивачи и граѓани од цела Македонија, кои дојдоа на плоштадот во Скопје да ги видат и поздрават шампионите.

Related Articles