Османи: Не сум јас тој Бујар од бoмбaтa на Ел Чека

 Breaking News

Османи: Не сум јас тој Бујар од бoмбaтa на Ел Чека

Османи: Не сум јас тој Бујар од бoмбaтa на Ел Чека
June 22
20:23 2019

Сакам во целост да ги демантирам шпекулациите изнесени од страна на Алијансата на Албанците, и нејзиниот портпарол, во кои се посочува моето име како дел од некаква објава на нeлeгалнo снимен телефонски разговор.“ – вели во писемна изјава Бујар Османи.

Прво, сакам да ја информирам јавноста дека, се работи за целосна шпекулација, измислица и лaж на вeст. Ниту сум бил вклучен, ниту сум учествувал во активностите кои ги посочува Алијансата и нејзиниот портпарол, ниту пак јас сум оној што е спомнат на нелегалната снимка.

Оваа целосно лaж нa вест има за цел да го наруши мојот политички кредибилитет, како предводник на Европските интеграции во земјава, што со оглед на чувствителноста на периодот, претставува штета што ѝ се нанесува и на земјата.

За таа цел ги повикувам споменатите, во наредните 24 часа, целосно да го повлечат лaж нoто поврзување на моето име и да се извинат за направената штета, во спротивност, ќе ги потегнам сите правни мерки кои стојат на располагање, и овие свои тврдења ќе треба да ги поткрепат пред правосудните органи.“ – стои во изјавата на Османи.

Related Articles