Од утре нова категорија патарина во Македонија, еве колку ќе треба да платите

 Breaking News

Од утре нова категорија патарина во Македонија, еве колку ќе треба да платите

Од утре нова категорија патарина во Македонија, еве колку ќе треба да платите
February 09
19:33 2020

Од утре, согласно Одлуката за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат (патарина) со која воведува нова категорија на видови возила, Прва Категорија А за моторни возила со карактеристики на мотоцикли (со две тркала), се имплементира во системот за наплата на патарина како Категорија 1А и започнува со ефективна употреба и наплата од 10.02.2020 година од 00:00 часот (понеделник, од полноќ).

Во категоријата „1А“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.

Ова се цените по наплатни станици за надоместок за употреба на пат (патарина)

1. Романовце 40 денари / 0,50 евра
2. Петровец 20 денари / 0,50 евра
3. Сопот 50 денари / 1,00 евро
4. Отовица 50 денари / 1,00 евро

5. Стоби 40 денари / 0,50 евра
6. Миладиновци 20 денари / 0,50 евра
7. Тетово 20 денари / 0,50 евра
8. Гостивар 20 денари / 0,50 евра

9. Глумово 20 денари / 0,50 евра
10. Желино 20 денари / 0,50 евра
11. Гевгелија 60 денари / 1,00 евро

Related Articles