Од утре мора да внимавате оти следуваат казни, нов закон во Македонија за плаќање со готовина

 Breaking News

Од утре мора да внимавате оти следуваат казни, нов закон во Македонија за плаќање со готовина

Од утре мора да внимавате оти следуваат казни, нов закон во Македонија за плаќање со готовина
May 31
21:21 2019

Од 1 јуни 2019 година, согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции.

Истото ќе мора да се изврши преку платежна картичка или со уплатница преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Согласно наведеното, од 1 јуни 2019 година, трговците кои вршат наплата во готовина ќе можат да вршат продажба и наплата до 500 евра при поединечна трансакција.

Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles