Од полноќ нови поскапи цени на горивата во Македонија, нема повеќе за 100 денари литар бензин

 Breaking News

Од полноќ нови поскапи цени на горивата во Македонија, нема повеќе за 100 денари литар бензин

Од полноќ нови поскапи цени на горивата во Македонија, нема повеќе за 100 денари литар бензин
June 02
13:23 2022

PKE – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 % во однос на одлуката од 1.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек:

кај бензините за 2,027%, кај дизелот за 2,774%, кај екстра лесното масло за 2,650% и кај мазутот зголемувањето е за 0,69%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат,

додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Од 3.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95  107,00 (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 98   109,00  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   99,50 (денари/литар)

Масло за горење   Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   \95,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС       54,640 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,101%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.6.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Related Articles