Од денеска, задолжителен 14 дена карантин за македонците кои што ќе сакаат да влезат во Хрватска

 Breaking News

Од денеска, задолжителен 14 дена карантин за македонците кои што ќе сакаат да влезат во Хрватска

Од денеска, задолжителен 14 дена карантин за македонците кои што ќе сакаат да влезат во Хрватска
June 25
08:23 2020

Од денеска започнува да важи новиот режим, каде што задолжителен 14 дена карантин ќе имаат и македонците кои ќе сакаат да патуваат во Хрватска, ако се работи за транзит низ Хрватска, обврската нема да важи.

Истото ќе важи и за граѓани од БиХ и Србија. Сите што ќе влезат од овие земји ќе мора да поминат 14 дена во изолација. Обврската не се однесува за транзит низ земјата.

Наспроти целосното отворање на Македонија за влез во државата без ПЦР-тест и карантин од петок, Хрватска од ноќеска повторно воведува задолжителна самоизолација од 14 дена за македонските државјани.

Се утврдува посебен режим за влез во Хрватска на лицата што доаѓаат од БиХ, Косово, Србија и Северна Македонија. Тие лица ќе бидат должни да поминат во самоизолација 14 дена од влезот во Хрватска.

Обврската за изолација не се применува на патниците што транзитираат низ Хрватска, изјави првиот човек на Националниот штаб за цивилна заштита, Давор Божиновиќ.

Во Хрватска денеска се регистрирани 22 нови од коронавирусот, со што бројот на активни случаи се искачи на 136.

Најново жариште е Задар, каде што неколку тенисери, меѓу кои Новак Ѓоковиќ, Григор Димитров и Борна Чориќ, излегоа позитивни на егзибицискиот турнир Адријатур.

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 22 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на за болени се искачи на 2.388.

Related Articles