Одлична вест за оние кои ќе летуваат во Црна Гора ова лето, чадорите и лежалките на плажата бесплатни

 Breaking News

June 08
11:18 2019

Црна Гора оваа година воведе ново правило за користење на плажите кое ќе ги израдува сите кои планираат одмор таму. Имено после 17 часот користењето на лежалки и чадори за сонце за сите гости на сите јавни плажи ќе биде бесплатно.

Тоа за српските медиуми го изјавил директорот на јавното претпријатие за управување со морето на Црна Гора. Велејќи дека не е фер да се наплаќа полна цена на оние кои ќе дојдат попладне, па затоа е воведена оваа новина на сите, освен на хотелските плажи.

Освен тоа на секоја плажа сопственикот ќе мора да постави информативна табла. „На тој начин секој госин ќе има информација за самата плажа и цените, па нема да има изненадувања“ рекол тој.

Сруга ноина е ека годинава Црна Гора ќе добие 12 тематски плажи, така да вљубените парови, младите жедни за забава, нудистите или гостите со миленичиња ќе добијат „свое парче од брегот“ за уживање.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles