Ова се четворицата кандидати кои се пријавиле во СДСМ за претседателски кандидат, има и еден амасадор поранешен

 Breaking News

February 25
15:59 2019

Од СДСМ денеска потврдија дека на огласот за самокандидрање се пријавиле четворица апликанти во изборот за кандидат за претседател на Македонија.

Прв уште на 5 февруари се пријавил 58-годишниот гостиварец Тони Петровски, дипломиран правник и долгогодишен член на СДСМ, поранешен управител на Бирото за правни интелектуални услуги ТКМ, еден е од основачите на Агенцијата за разузнавање, а последното работно место му е инспектор-советник во Инспекцискиот совет на Македонија.

Единствен досега кој беше познат во јавноста е поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов, кој се пријавил на конкурсот на 11 февруари.

На 18 февруари аплицирале уште Божидар Ночев и Игор Поп Трајков. За Ночев е познато дека на претходните претседателски избори конкурирап на огласот на ВМРО-ДПМНЕ во 2014-та. Поп Трајков во јавноста е познат како поет.

Related Articles