Ова нема крај: Перински ja повикува Арсовска да си поднесе оставка

 Breaking News

Ова нема крај: Перински ja повикува Арсовска да си поднесе оставка

Ова нема крај: Перински ja повикува Арсовска да си поднесе оставка
September 13
17:17 2022

Перински во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за тендерот за пречистителна станица и потенцираше дека во ваков случај невозможно е да се влијае на исходот и е невозможно да се намести ваков тендер.

Во проект кој што е финансиран од страна на европски банки, дел со кредитни линии,

дел со грантови каде што се вклучени странски консултанти во фазите на евалуација и ефектите и исходите од фазите на евалуација ги одобрува или позитивно ги оценува носителот на

кредитната линија во случајот Европска инвестициона банка е невозможно да се влијае на исходот и е невозможно да се намести, рече Перински.

Тој во текот на своето гостување посочи дека штом се докаже дека сето ова е невистино градоначалничката да смогне сила да си поднесе политичка одговорност т.е оставка.

Навистина се смешни инсинуации кои што беа презентирани на неколку портали и од страна на градоначалничката во нејзиното вчерашно излагање.

Мене ми е навистина жал што на овој начин се потруди, проба да моето изминато работење го оцрни,

па затоа јас јавно сакам да ја повикам дали доколку овие изјави се докажат во идниот период дека се невистини,

дали ќе смогне сила и храброст да им се извини на скопјани за искажаните невистини и дали ќе си поднесе политичка одговорност т.е оставка?

Со вакви искажани фрази според моја проценка госпоѓата Данела Арсовска не заслужува повеќе да е градоначалник на градот Скопје, кажа Периснки.

Перински исто така порача дека никој до сега го нема оцрнете неговото име и презиме и дека оваа работа ќе ја терал до крај. ИзворПрес24.

Related Articles