Ова е убава работа: По 100 евра државна помош за сите граѓани од 16 до 29 години во Србија

 Breaking News

Ова е убава работа: По 100 евра државна помош за сите граѓани од 16 до 29 години во Србија

Ова е убава работа: По 100 евра државна помош за сите граѓани од 16 до 29 години во Србија
June 01
18:02 2022

Како што јавува Прес24, во Србија од денеска почна исплатата на државната помош во висина од 100 евра која имаат право да ја земат сите млади на возраст од 16 до 29 години.

Како што информираа српските власти, исплатата ќе трае во наредните два дена.

Право да се пријават за државна помош имаа сите српски државјани на возраст од 16 до 29 години во рамки на акцијата

Да кликнеш од среќа“ Според податоците на српското министерство за финансии по 100 евра ќе легнат на сметките на

1.105.000 млади Срби како помош за справување со ковид пандемијата.

Во април и октомври минатата година српската влада префрли по 30 евра на сметките на сите полнолетни граѓани а во декември им исплати по 20 евра.

Пензионерите во септември лани добија по 50 евра на сметките а во декември уште дополнителни 20.

Помош од 60 евра во јуни минатата година беа префрлени на сметките на сите грѓаани кои се водат како невработени.

Награди имаше и за граѓаните кои се вакци нирале.

Според објавените податоци, 2,5 милиони Срби кои се вакци нираа до 31 мај лани, добија по 25 евра на своите сметки.

За идната година во јануари се најавуваат по 90 евра помош за сите здравствени работници и исплата на 170 евра за сите пензионери во февруари. ИзворПрес24.

Related Articles