Ова е мерка за чиcт вoздуx: Во Луксембург возовите, трамваите и автобусите станаа бecплaтни, влacта ги укина билетите за да пoмoгни на гpаѓаните

 Breaking News

Ова е мерка за чиcт вoздуx: Во Луксембург возовите, трамваите и автобусите станаа бecплaтни, влacта ги укина билетите за да пoмoгни на гpаѓаните

Ова е мерка за чиcт вoздуx: Во Луксембург возовите, трамваите и автобусите станаа бecплaтни, влacта ги укина билетите за да пoмoгни на гpаѓаните
March 01
07:49 2020

Мера за пример ни доаѓа од Луксембург, држава во која инаку живеат преку 600.000 жители. Но, околу 214.000 работници патуваат секој ден на работа од соседните земји како што се Германија, Белгија и Франција.

Властите во Луксембург вчера ги укинаа картите за возови, тамваи и автобуси, за да помогнат во намалувањето на загадувањето и за да им помогнат на сиромашните граѓани, јавува Ројтерс. Па така, сега сите патувања со јавниот превоз во оваа мала и богата европска земја станаа бесплатни, а со не користењето на приватните автомобили воздухот останува чиcт.

За споредба, досега цената годишната карта за јавниот транспорт изнесувала 440 евра. Од сега, граѓаните ќе можат да патуваат бесплатно. Ако сакаат да одат со прва класа, ќе мораат да платат годишна карта во износ од 660 евра.

За луѓето со ниски примања или минимален доход ова е навистина важно, рече министерот за транспорт Франсоа Бауш и додаде дека една од причините за оваа одлука е и прашањето за зaштита на околината.

Во Луксембург инаку живеат преку 600.000 жители. Но, околу 214.000 работници патуваат секој ден на работа од соседните земји како што се Германија, Белгија и Франција, поради што се создаваат огромни сообраќајни метежи, бидејќи поголемиот дел од нив патуваат со автомобили.

Така, и покрај овој чекор, властите во Луксембург предвидуваат дека до 2025 година и понатаму 65 отсто од луѓето и понатаму на работа ќе одат со автомобили, додека во 2017 година така на работа патувале 73 отсто од лицата.

Сега, Луксембург е првата земја на светот со бесплатен јавен превоз, иако досега некои градови како естонската метропола Талин веќе уведе бесплатен јавен превоз за ситте граѓани.

Related Articles