Ова е интересно: ДУИ да добие мандат за формирање на Влада и да одлучат кој ќе влезе во владина коалиција

 Breaking News

Ова е интересно: ДУИ да добие мандат за формирање на Влада и да одлучат кој ќе влезе во владина коалиција

Ова е интересно: ДУИ да добие мандат за формирање на Влада и да одлучат кој ќе влезе во владина коалиција
July 19
15:40 2020

Ова веќе е интересно, посебно кога Вицепремиерот за европски прашања дава интервју за грчкиот весник Етнос, а се работи за формирање на новата Влада и владина коалиција.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју за грчниот весник Етнос објавено денеска вели дека партијата од која доаѓа ДУИ ќе добие мандат да формира влада.

Во секој случај, резултатот од изборите покажува дека ние ќе утврдиме кој ќе влезе во нашата влада, а не некој друг.

Затоа, проценувам дека ДУИ ќе добие мандат да формира влада и ние ќе одлучиме која партија на Северна Македонија ќе учествува во нашата коалиција – вели Османи.

Османи, како што наведува весникот, смета дека позицијата на СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев ќе се промени по конечните изборни резултати.

Осврнувајќи се на приоритетите на новата влада, Османи истакна дека е многу важно да се продолжи со процесот на пристапните преговори со ЕУ.

Следната влада ќе биде влада со преговори со Брисел и затоа е важно од една страна да се формира многу функционална , ефективна и поддржувачка влада, која служи за оваа цел, а од друга страна влада која ќе има капацитет да ги спроведе сите потребни реформи дома.

И ние сакаме да го започнеме овој процес што е можно поскоро со ЕУ – вели Османи.

Тој го дава и своето мислење за други актуелни состојби во земјава.

Related Articles