Обезбедувањето на Пендаровски позитивно на коронавирус, 11 лица во самоизолација

 Breaking News

Обезбедувањето на Пендаровски позитивно на коронавирус, 11 лица во самоизолација

Обезбедувањето на Пендаровски позитивно на коронавирус, 11 лица во самоизолација
May 18
08:59 2020

Денеска медиумите јавуваат дека лице од тимот на обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски, вработен во МВР е позитивен на коронавирус, а тоа го соопштија денеска и од Кабинетот на претседателот. Од таму наведуваат дека лицето немало директна комуникација со претседателот и е дел од поширокиот тим на обезбедување на шефот на државата.

Дополнително минатата седмица лицето користело годишен одмор, а последен пат бил на работното место минатиот понеделник, поточно на 11 мај.

Тестирањето за коронавирус е извршено на 17 мај, а по спроведената епидемиолошка анкета, утврдено е дека е потребно дополнителнода се тестираат 11 лица кои биле во контакт со лицето кое е позитивно и сите се негативни. И покрај тоа остануваат во самоизолација до 25 мај, до истекот на инкубација од 14 дена.

По извршената епидемиолошка анализа, претседателот Пендаровски и членовите на неговото семејство се оценети како контакти од втора линија, за кои според епидемиолошкиот протокол не се препорачува изолација. Претседателот продолжува со извршување на редовните работни обврски, соопштуваат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Related Articles