Нов рекорд пред Избори: 205 нови случаи со коронавирусот во 21 град, листата е следна

 Breaking News

Нов рекорд пред Избори: 205 нови случаи со коронавирусот во 21 град, листата е следна

Нов рекорд пред Избори: 205 нови случаи со коронавирусот во 21 град, листата е следна
July 10
14:41 2020

Денеска е нов рекорд, во 21 град има 205 нови случаи, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на коронавирусот во:

Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.

Поч инати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби поч инаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години.

Во ГОБ „8 септември“ поч инати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е поч ината пациентка на возраст 80 години.

Вкупната бројка на коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7777, бројката на оздравени пациенти е 3960, на поч инати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 3716, активни 1871
Куманово 831, активни 164
Дебар 137, активни 76
Штип 421, активни 161
Прилеп 291, активни 59

Тетово 844, активни 324
Струга 300, активни 147
Велес 201, активни 38
Битола 68, активни 27
Охрид 219, активни 133

Кавадарци 23, активни 15
Гостивар 211, активни 128
Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 19, активни 11
Крива Паланка 18, активни 8

Радовиш 4, активни 0
Крушево 9, активни 5
Кочани 76, активни 16
Пробиштип 32, активни 20
Демир Хисар 5, активни 4

Македонски Брод 8, активни 6
Пехчево 6, активни 2
Берово 4, активни 1
Валандово 6, активни 0
Виница 4, активни 1

Делчево 1, активни 0
Кратово 5, активни 2
Свети Николе 88, активни 81

Кичево 65, активни 56
Ресен 132, активни 87
Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1728 теста се преку: ИЈЗ-775, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-208, Биотек-161, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори) -233, Систина со PCR метода -131, Судска медицина -21, ЦЈЗ Битола-44.

Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на коронавирусот. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на коронавирусот, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти – позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 323
Аеродром – 162
Бутел – 146
Гази Баба – 200
Центар – 146

Карпош – 147
Сарај – 128
Кисела Вода – 108
Ѓорче Петров – 107
Студеничани – 116

Шуто Оризари – 86
Арачиново – 45
Илинден – 31
Петровец – 17
Чучер Сандево – 16

Сопиште – 8
Зелениково- 13
Странец – 5
Нераспределен- 67

Related Articles