НОВО ВИДЕО: Катица разговара со Камчев и му кажува дека Лиле ја држи под контрола, Боки отkpива дека и Заев е вмешан

 Breaking News

НОВО ВИДЕО: Катица разговара со Камчев и му кажува дека Лиле ја држи под контрола, Боки отkpива дека и Заев е вмешан

НОВО ВИДЕО: Катица разговара со Камчев и му кажува дека Лиле ја држи под контрола, Боки отkpива дека и Заев е вмешан
August 10
06:56 2019

Италијанскиот весник Ла Верита денеска објави уште едно видео кое е трето во низа од случајот Реkет во кој Боки 13 изнуди 1,5 милиони евра од Орце Камчев. Во ова трето видео Боки 13 и Катица Јанева го убедуваат Орце Камчев дека ќе биде ослободен и дека Лиле Стефанова ја има под своја контрола. Италијанскиот новинар во својот прилог го споменува и познанството на Боки 13 со премиерот Зоран Заев, а во видеото Боки 13 му потврдува на Камчев дека он ќе му Замачка очи. Во еден од разговорите Камчев му вели на Боки 13 дека му треба пасошот за да оди до Турција да заврши некоја работа. Притоа, Боки 13 кон трето лице вклучено на спикерфон, за кое весникот наведува дека се работи за Јанева, вели дека Камчев стравувал од обвинителката што го води предметот „Империја“ Лиле Стефанова (Камчев се вклучува со зборовите – не се плашам), по што женскиот глас коментира: „Многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“. Според другите снимки, Камчев и Боки 13 разговараат за повикување на сведови во постапка, на што жесникот глас дофрлува дека викнати се како сведоци, а не како осомничени.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles