Нови 66 случаи во цела држава, нов град е Неготино со 2 случаи денеска

April 15
12:57
2020
Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.
Од денеска и градот Неготино се најде на мапата на градови каде има позитивни, до сега Неготино, а и Кичево важеа за градови каде нема случаи.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица на ниво на цела држава.