Нови 22 случаи, многу нови градови денеска со коронавирус

 Breaking News

Нови 22 случаи, многу нови градови денеска со коронавирус

Нови 22 случаи, многу нови градови денеска со коронавирус
May 19
10:43 2020

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на коронавирус и тоа во следниве градови: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти во: Скопје-16, Куманово-10, Прилеп-6, Тетово-15, Велес-1, Крива Паланка-1 и Валандово-1.

Вкупната бројка на коронавирус дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 636, активни 143 Куманово – 416, активни 21 Дебар – 51, активни 0 Штип-38, активни 4.

Прилеп –202, активни 59 Тетово – 150, активни 66 Струга – 71, активни 5 Велес – 125, активни 53.

Битола –27, активни 8 Охрид –21, активни 6 Кавадарци – 5, активни 0 Гостивар –20, активни 3.

Гевгелија – 4, активни 0 Струмица – 2, активни 0 Крива Паланка- 6, активни 1 Радовиш – 4, активни 0.

Крушево – 3, активни 0 Кочани – 31, активни 4 Пробиштип – 2, активни 0 Кичево – 2, активни 0.

Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Демир Хисар – 1, активни 0 Македонски Брод – 2, активни 0 Пехчево- 3, активни 1.

Делчево-1, активни 0 Валандово -1, активни 0 Виница – 2, активни 0 Кратово-2, активни 1 Берово-1, активни 1 Свети Николе-1, активни 1.

Направените 533 теста се преку: ИЈЗ –256, Ветеринарен ф-тет -7, Авицена –12, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода -53 и МАНУ -108. Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на коронавирус.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на коронавирус во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови, а вкупно хоспитализиран 21 пациент. На респиратор се 4, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 51 пациент, позитивни и сомнителни на коронавирус.

Related Articles