Нови цени на патарините, а и три нови патарини, бесплатно ќе е до Штип до Нова Година

 Breaking News

Нови цени на патарините, а и три нови патарини, бесплатно ќе е до Штип до Нова Година

Нови цени на патарините, а и три нови патарини, бесплатно ќе е до Штип до Нова Година
June 05
12:15 2019

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, најави дека за 10 дена ќе биде објавен тендер за изградба на две патарини на автопатот Миладиновци-Штип, кој денеска беше пуштен во употреба по речиси една година одложувања.

„Бидејќи немаше никаков проект за изградба на патарините, ние моравме да направиме проект да извршиме експропријација и да добиеме дозвола за нивна изградба. Во соработка со ЕБРД за 10 дена ќе се објави меѓународен тендер за нивна изградба, а во овој тендер ќе бидат вклучени патарините за автопатот Кичево – Охрид, како и за набавка на софтверски систем за набљудување на Коридор 8 од Миладиновци до Охрид“, вели Китанов.

Според проценките на Китанов и зависно од тоа како ќе тече тендерот и изградба на патарините, по автопатот ќе се вози бесплатно до Нова година.

Три нови патарини ќе никнат на македонските автопати, а се корегираат и цените на веќепостоечките патарини. Владата вчера донесе одлука да се изградат две нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип кој уште не е пуштен во употреба, и уште една нова патарина на автопатот Демир Капија – Смоквица.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles