Нови цени на горивата од полноќ, РКЕ донесе одлука

 Breaking News

Нови цени на горивата од полноќ, РКЕ донесе одлука

Нови цени на горивата од полноќ, РКЕ донесе одлука
May 11
14:51 2022

PKE – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека донела одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто во однос на одлуката од 9 мај.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) се намалуваат за 2,50 денари за литар,

додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,848 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,77 отсто, кај дизелот има намалување за 3,343 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,442 отсто и кај мазутот има намалување за 2,142 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004 отсто.

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги посочуваат дека од полноќ ова се максималните цени на нафтените деривати.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, додаваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Related Articles