Нови регистарски таблички во сообраќај од 17 јуни годинава, ознаките се DH и KS

 Breaking News

Нови регистарски таблички во сообраќај од 17 јуни годинава, ознаките се DH и KS

Нови регистарски таблички во сообраќај од 17 јуни годинава, ознаките се DH и KS
June 14
21:15 2019

Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општина Демир Хисар и општина Крушево и го одобри барањето за добивање на сопствени регистарски ознаки на возилата.

Донесена е одлука за изменување на правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Сл. весник на Република Северна Македонија бр. 116 од 07.06.2019 година и стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето.

До сега овие градови имаа регистарски ознаки BT.

За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е KS.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles