Новите 600 полицајци ќе работат во овие градови: Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Велес, Штип, Куманово и Скопје

 Breaking News

Новите 600 полицајци ќе работат во овие градови: Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Велес, Штип, Куманово и Скопје

Новите 600 полицајци ќе работат во овие градови: Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Велес, Штип, Куманово и Скопје
June 13
13:18 2019

Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600 полицajци во повеќе сектори низ Македонија. Во огласот се наведени потребните услови за да може некој да конкурира. Меѓу другото, потребно е најмалку средно образование, добро познавање на македонскиот јазик, одредена височина за жени и за мажи и посебни психо-физички способности.

Не сите градови ќе добијат нови полицајци, еве како е редоследот по градови и нови полицајци:

ЈАВЕН ОГЛАС

I.За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:

1. во Сектор за внатрешни работи Скопје ——————————– 150 извршители
2. во Сектор за внатрешни работи Струмица —————————– 50 извршители
3. во Сектор за внатрешни работи Охрид ———————————- 70 извршители

4. во Сектор за внатрешни работи Битола ——————————— 10 извршители
5. во Сектор за внатрешни работи Тетово ———————————–10 извршители
6. во Сектор за внатрешни работи Велес ———————————– 20 извршители

7. во Сектор за внатрешни работи Штип ———————————— 10 извршители
8. во Сектор за внатрешни работи Куманово —————————— 10 извршители
9. во Регионален центар за гранични работи Север ——————- 100 извршители

10. во Регионален центар за гранични работи Запад ——————- 100 извршители
11. во Регионален центар за гранични работи Југ ————————- 50 извршители
12. во Регионален центар за гранични работи Исток ——————— 20 извршители

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

-Сектор за внатрешни работи Скопје:
-Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
-Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и
-Полициска станица од општа надлежност-Карпош.

-Сектор за внатрешни работи Битола;
-Сектор за внатрешни работи Велес;

-Сектор за внатрешни работи Куманово;
-Сектор за внатрешни работи Тетово;

-Сектор за внатрешни работи Охрид;
-Сектор за внатрешни работи Струмица,
-Сектор за внатрешни работи Штип.

Конкурсот трае 15 денови. За да аплицирате или да прочитате повеќе за условите од огласот кликнете ТУКА(МВР).

Related Articles