Нова анкета: Повеќе граѓани ќе глаcaaт за СДСМ на локалните избopи

 Breaking News

Нова анкета: Повеќе граѓани ќе глаcaaт за СДСМ на локалните избopи

Нова анкета: Повеќе граѓани ќе глаcaaт за СДСМ на локалните избopи
October 10
18:04 2021

Како што пишува Прес24, Агенцијата СТРАТУМ РиД последната недела од септември и првата недела од октомври  го спроведе кварталното истражување омнибус во кое е вклучена континуирано и секција  за расположението на граѓаните како и рејтинг на Институции и пол итички пар ти и.

Истражувањето се спроведува со директни интервјуа во домаќинствата на испитаницата  односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства.

Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%, пишува Прес24.

Резултатите укажуваат на благ оптимизам споредено со периодот од Јули 2020 те првиот  бран од пандемијата каде оптимизмот беше на најниско ниво. 

Така на прашањето Дали финансиската состојба во Вашето домаќинство се подобрила,  влошила или пак останала иста во изминативе 12 месеци?

Последните два квартали ситуацијата е подобра, откако во март годинава во време на  вториот бран од пандемијата кај населението најсилно се почувствувале финансиските  негативни последици од кризата.

Какви се финансиските очекувања во Вашето домаќинство во следните 12 месеци? 

Што се однесува до чекувањата во однос на финансиската сосотојба во домаќинството скоро кај  една четвртина од населението дури и подобрена, додека кај половината останала иста.

Една  шестина од населението се чувтвува финансиски послабо од претходно но, овој процент 18 месеци  по првиот бран од пандемијата се чувствува помалку несигурно односно со стаистички значајна разлика од над 5%.

Какви се Вашите очекувања во однос на цените во следните 12 месеци?

Во овој квартал има раст на процентот на граѓани кои сметаат дека цените ќе растат (и во  категоријата дека ќе арстат со брзо темпо и во категоријата дека ќе растат со споро темпо) како и  пад на граѓаните кои од Јули 2020 до сега сметале дека цените ќе останат барем исти или ќе се намалат.

Дали имате намера да купите повеќе, исто или помалку трајни добра (бела техника, мебел,  автомобил) во следните 12 месеци (споредено со лани)?

Македонските граѓани споредено од квартал во квартал се изјаснуваат дека имаат намера да купат повеќе трајни добра отколку во претходните квартал.

Каква е моменталната финансиска состојба на Вашето домаќинство? Најголемиот дел од граѓаните во последните 6 месеци ја оценуваат финансиската ситуација во домаќинството значајно подобра од претходните квартали односно се враќаат на ситуација како во јули 2020 кога сеуште не беа почуствувани најсилно негативните последици веднаш по првиот бран на пандемијата.

На прашањата поврзани со рејтинг на пол итичките пар тии се потврдуваат податоците од телефонската анкета спроведена на крајот на септември со мали статистички нејзначајни разлики кај сите пол итички субјекти освен пораст во категоријата дека не знаат за кого ќе гласаат како и во оние кои нема да излезат на избори.

На прашањето Сега да претпоставиме дека утре се одржуваат локални избори.

Ве молам кажете ми за која советничка листа би гласле на локалните избори.

Од оние кои се изјасниле дека ќе излезат да гласаат рејтингот на полит ичките пар тии е прикажан  на графикот.

Агенцијата СТРАТУМ РИД (R&D- Истражување и развој) постои од 2015 година и има големо  искуство во спроведување на различни видови истражувања, квалитативни и квантитативни, како  и социо – економски истражувања.

Агенцијата со својот тим има спроведено огромен број социо – економски истражувачки проекти, пред се за меѓународни донаторски организации, но и за  домашни.

STRATUM R&D доби голем број престижни признанија ширум светот во последните три години за  ИМПАЛА, платформа за невромаркетинг.

Во 2018 година, Светскиот форум за иновации ја прогласи за најинтригантен иновативен старт-ап во Луцерн, Швајцарија.

Истата година, компанијата беше рангирана на прво место во повикот за предлози на Фондот за иновации и технолошки развој и доби грант за ИМПАЛА.

Во 2020 година, бевме поканети да учествуваме на престижната конференција за вештачка интелигенција на Светскиот економски форум во Давос.

Во 2020 година, ИМПАЛА беше финалист за Светскиот самит за претприемништво – програма на 

Обединетите нации за импакт претприемништво.

STRATUM R&D е член на професионални организации ширум светот за истражување на пазарот:

ESOMAR, Women in Research, NMSBA што е гаранција за имплементација на највисоките  професионални стандарди и процедури како и за контрола на највисок квалитет. ИзворПрес24.

Related Articles