Ние во СДСМ имаме Албанци и пратеници, и градоначалници и министри, немаме проблем и за премиер и за претседател

June 26
21:32
2020
Во шеста изборна единица ќе го победиме ДУИ и ќе имаме двојно повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Сѐ додека не се реформираат и европеизираат, ќе останат долго време во опозиција.
Во недостиг на економска понуда, ДУИ се враќа кон национализмот. Ние во СДСМ имаме Албанци и пратеници, и градоначалници и министри, немаме проблем и за премиер и за претседател, но тоа е одлука која на крајот ја носат нашите граѓани.
Едно општество за сите е вредност што обединува. Ние сме мултиетничка земја и се бориме заедно под ова сонце за добри перспективи на сегашните и идните генерации.
И еве успеваме заедно! По победата на 15 јули продолжуваме уште повеќе и уште подобро. #Можеме – Напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својата фејсбук страница вечерва.