Не треба да се отфрли идејата за намалување на платите во јавниот сектор, вели Деспотовски за Детектор

 Breaking News

Не треба да се отфрли идејата за намалување на платите во јавниот сектор, вели Деспотовски за Детектор

Не треба да се отфрли идејата за намалување на платите во јавниот сектор, вели Деспотовски за Детектор
May 11
06:41 2020

Вчера Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски во гостуваше во Детектор на Сител и рече дека не треба да се отфрли идејата за намалување на платите во јавниот сектор.

Вели дека донирањето на платите на функционерите во Фондот за солидарност за борба против Ковид-19 е првиот чекор за кратење од ставката за плати од буџетот, која според него тежи од 500 до 600 милиони евра.

Ако знаеме во ситуација кога сите сме солидарни, не сите функционери, туку цела економија, сите граѓани, во тој случај не може да кажеме: Знаете што, оваа категорија на луѓе нема да ја зафаќаме.

Сите се тоа наши сограѓани, но и јас доаѓам од јавниот сектор, тие се мои поранешни колеги. Меѓутоа, и таму имаме категории на луѓе кои реално имаат ниски плати.

Можеби за нив и не треба да зборуваме. Но, има некои што примаат позначителен износ, рече Деспотовски.

Појасни дека во јавниот сектор со високо образование почетната плата е од 22.000 денари, но се движат до 50-55.000 денари.

Зборувам за државни службеници, не за функционери. Дали треба да се размислува во вакви услови евентуално да се зафати дел од тие плати? Јас не мислам дека тоа треба од старт да го отфрлиме за разговор, рече Деспотовски.

Евентуалното кратење на платите на службениците со големи примања според Деспотовски би требало да се направи поради перцепцијата на граѓаните кои сметаат дека се оштетени од дел од мерките како воведената акциза на нафтените деривати. ИзворПрес24.

Related Articles