Не стивнува: 147 нови случаи на коронавирусот во 18 градови, ова е листата

 Breaking News

Не стивнува: 147 нови случаи на коронавирусот во 18 градови, ова е листата

Не стивнува: 147 нови случаи на коронавирусот во 18 градови, ова е листата
July 04
16:15 2020

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на коронавирусот во следниве општини:

Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4, Ресен-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти од: Скопеј-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.

Поч инати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби поч ина пациент од Скопје (63г). Во ГОБ „8 септември“ поч инати се двајца пациенти од Скопје (59г) и (63г) и еден пациент од Штип (36г). Во болницата во Штип е поч инат пациент од Берово (69г), во Куманово пациент (78г).

Вкупната бројка на коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на поч инати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611.

Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 3343, активни 1987 Куманово 793, активни 240 Дебар 103, активни 51 Штип 371, активни 158 Прилеп 277, активни 51 Тетово 758, активни 385 Струга 252, активни 154 Велес 194, активни 43 Битола 61, активни 22 Охрид 195, активни 166.

Кавадарци 21, активни 15 Гостивар 151, активни 91 Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци) Струмица 17, активни 9 Крива Паланка 16, активни 10 Радовиш 4, активни 0 Крушево 7, активни 4 Кочани 74, активни 21 Пробиштип 25, активни 16 Демир Хисар 2, активни 1.

Македонски Брод 6, активни 4 Пехчево 6, активни 3 Берово 3, активни 0 Валандово 6, активни 2 Виница 3, активни 0 Делчево 1, активни 0 Кратово 5, активни 2 Свети Николе 41, активни 36 Кичево 44, активни 38 Ресен 120, активни 93 Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 1296 теста се преку: ИЈЗ –585, Авицена –99, Биотек –75, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина-1, Систина со PCR метода -133, ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на коронавирусот. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на коронавирусот и 5 деца позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Related Articles