Не може да си ги подигне парите кои ги ocвоил, поради една задоцнета причина

 Breaking News

Не може да си ги подигне парите кои ги ocвоил, поради една задоцнета причина

Не може да си ги подигне парите кои ги ocвоил, поради една задоцнета причина
January 04
20:04 2023

Играч на лото во германската покраина Саксонија-Анхалт ја пропуштил шансата да ја подигне својата добивка од 1 милион евра. Тој не се јавил три години по победничкото извлекување. „Победникот имаше три години да ги побара парите, но за жал, не го стори тоа“, рече Лото-Тото Заксен-Анхалт во понеделникот. Времето истекло на 31 декември во 23:59 часот. „Се надевавме дека некој друг ќе се јави. За жал, немаше среќен крај“, изјави извршниот директор на германското лото, Стефан Еберт. Сумата сега се враќа во „кутијата“ на посебни извлекувања низ земјава. Добивката од 1 милион евра била извлечена на Лото „6aus49“ во декември 2019 година во специјалното божиќно извлекување. Среќниот добитник очигледно не го проверил лото тикетот, па веројатно не е ни свесен за својата добивка. ИзворПРес24.

Related Articles