Не запира: Во 8 градови има 19 нови случаи со коронавирус

 Breaking News

Не запира: Во 8 градови има 19 нови случаи со коронавирус

Не запира: Во 8 градови има 19 нови случаи со коронавирус
May 20
12:19 2020

Како што јавуваат од министерство, Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на коронавирус и тоа во следниве градови по ред: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1.

Со оваа листа од 8 градови каде има нови случаи на коронавирус денеска, забележани се и градови каде имаше неактивни пациенти.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и Неготино-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1858, бројката на оздравени пациенти е 1367, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 647, активни 145
Куманово – 418, активни 22
Дебар – 51, активни 0
Штип-38, активни 4
Прилеп –203, активни 59

Тетово – 151, активни 63
Струга – 71, активни 5
Велес – 126, активни 53
Битола –27, активни 8
Охрид –21, активни 6

Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –21, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка- 6, активни 1

Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 3
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0

Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 1
Делчево-1, активни 0

Валандово -1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово-2, активни 1
Берово-1, активни 1
Свети Николе-1, активни 1

Направените 512 теста се преку: ИЈЗ –235, Ветеринарен ф-тет -15, Авицена –15, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –53, Систина со PCR метода -31 и МАНУ -115. Досега во земјата се направени вкупно 22767 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Related Articles